Со пошумување на свлечиште, хидросистемот Стрежево прославува 41-на година од основањето
Денес прославуваме 41-на година од основањето на хидросистемот Стрежево (1978). Ако минатата година основањето на претпријатието го прославивме со свечена академија оваа година се одлучивме роденденот на фирмата да го одбележиме и прославиме со пошумување на ридовите на свлечиштето настанато во 2015 година на нашиот Главен канал за испорака на сирова вода.