ИЗВЕСТУВАЊЕ
Наплатниот центар на ЈП"Стрежево" - Битола од денес 24.12.2015 година, ќе работи од 7:30 - 16:30 часот.
Наплатниот центар на ЈП"Стрежево" - Битола од денес 24.12.2015 година, ќе работи од 7:30 - 16:30 часот.
Денес, 16.12.2015 година, со завршувањето на реконструкцијата на делничен цевковод 7Ц33, завршија сите планирани активности за реконструкција на деталната цевководна мрежа, планирани за 2015 година.
На делничниот цевковод 7Ц33 се изврши комплетна промена на PVC цевките со нови полиетиленски цевки во должина од 1252 m. Досега овој цевковод не беше во функција бидејќи често појавуваше дефекти и со ова ќе се наводнуваат нови 70 ha обработлива површина.
Денес завршија планираните активности за проширување на системот за наводнување во општина Новаци. Работниците од ЈП "Стрежево" - Битола монтираа 110 цевки во траса со должина од 660 m, со што завршија работите планирани за 2015 - та година за овој дел од системот.
Со Одлука на Управниот одбор на ЈП"Стрежево" - Битола, се изврши намалување за 10% на задолжението за искористена вода за наводнување за сезоната 2015.
Денес, 04.12.2015 година, заврши реконструкцијата на цевководот кај село Егри во должина од 650 метри.
Се изврши замена на нефункционалните цевки, поради кои на тој реон имаше проблеми во нормалното водоснабдување. Следната фаза на замена на уште 120 метри ќе се изведи наредната година и со тоа во целост ќе се добие функционален цевковод за непречено снабдување со вода на околните корисници. Вкупната површина која се наводнува од овој цевковод изнесува над 2.500 ha, а самата инвестицијата има вредност од 12.000.000 денари.
Страница 30 од 43