Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Во рамките на Јавното Претпријатие Стрежево на ден 24.04.2019 година се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Техничкиот Факултет Битола  и  Јавното Претпријатие Стрежево.

На состанокот присуствуваа директор  Методија Граматковски, дипл.ел.инж. при  Јавното претпријатие Стрежево,   деканот  проф. д-р Стојанче Нусев, проф. д-р Митко Костов- продекан за финансии, проф. д-р Гордана Јанева - продекан за меѓународна соработка, проф. д-р Методија Атанасовски шеф - на електротехнички сектор.

На состанокот е потпишан  Меморандум за соработка . Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции. Јавното претпријатие Стрежево и Техничкиот факултет (членка на Универзитетот Св Климент Охридски) договорија форма на долгорочна соработка која ќе се остварува на следните начини: 

-заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер

-соработка со едукативни процеси преку ангажирање на стручњаци од практиката за реализација на клиничка(стручно-практична) настава

-организирање и реализација на практична настава за студенти од техничкиот факултет во Битола во зависност од расположливите можности

-соработка при дефинирање на теми за дипломски, магистерски и докторски трудови во рамките на образовниот процес на Техничкиот факултет, а кои се во интерес на потписниците.

-Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош

-Консултации и експертизи

-Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти

-Организирање на тркалезни маси и размена на искуства

-Организирање на курсеви и обуки од страна на Техничкиот факултет и издавање на соодветни сертификати.

02. 24.04.2019