ЈП "Стрежево" до 12 јуни 2015 година склучуваше договори со заинтересираните корисници на вода за наводнување од хидросистемот. И оваа година продолжи тенденцијата на пораст на пријавените површини.
Ако во 2013 година имаше пријавено 4800 ha, во 2014та 5500 ha, таа бројка во 2015 година ќе изнесува над 6000 ha. Ова зголемувањето на пријавените површини се должи на приодот на ЈП Стрежево кон корисниците, блиската соработка, присутноста на теренот и професионалноста, но исто така голем придонес има и политиката на Владата на Р.М за субвенционирање на земјоделското производство.