Отстранување на дефект на главен цевковод Г3 (6C)
На 14.08.2015 година воочен е дефект на главниот цевковод G3(6C) кој поминува низ земјоделските површини од катастарските општини Буково, Крстоар, Кравари, Поешево и Оптичари.
Стабилизирање на водоснабдувањето
Со изградбата на алтернативниот канал, кој го бајпасираше свлечиштето на објектот Г0 над село Драгарино, од 06.08.2015 година во 23:00 часот, се врши континуирано зголемување на количината на вода која се транспортира низ каналот.
Пуштен алтернативниот канал за водоснабдување
На 06.08.2015 година во 23 часот, се пушти првата количина вода низ алтернативниот канал кој го бајпасираше свлечиштето, со што се премина во фаза на стабилизирање на водоснабдувањето на индустријата и земјоделците.
Нормализирање на протокот на вода за корисниците
За нормализирање на протокот на вода за корисниците, кој беше отежнат поради проширување на свлечиштето на објектот „Г-0“, дежурни екипи на РЕК-Битола, Стрежево и многу други подизведувачи за викендов работеа на алтернативен канал, со цел да се заобиколи постоечкото свлечиште.
Работите се изведуваа по зацртаната динамика, а се работеше деноноќно.
Страница 35 од 43