На 04.06.2017 година со почеток од 14 часот на акумулацијата Стрежево се одржа хуманитарен натпревар во спортски риболов.
Собраните средства се донираа на семејството на 13 годишниот Гоце Марковски. Гоце веќе извесно време се бори со тешката болест која му е дијагностицирана пред помалку од една година, а која од одличен пливач и пијанист, кој се закитил со многу меѓународни награди, ова момче го претвори во борец за живот.
Натпреварот беше во организација на Здружение на рекреативни риболовци и екологија Спортски клуб “Црна Река 1929” – Битола, а во соработка со ЈП Стрежево Битола.
Истиот се оддржа во дисциплината “лов на риба со јадица на пливка“ на натпреварувачка патека од страната на вливот во акумулацијата.