На ден 20.07.2017 година (четврток) од страна на Државниот инспекторат за животна средина - Скопје, на ЈП “Стрежево” - Битола доделена е на користење опрема за семплирање и индикативни мерења на води.
Предметната опрема е обезбедена со Проектот “Зајакнување на административниот капацитет за спроведување на законодавството од областа на животната средина на централно и локално ниво”, финансиран од IPA Програмата на Европската Унија.
Оваа опрема на своевиден начин претставува комплементирање на техничките можности на претпријатието од аспект на реализацијата на предвидената програма за следење на квалитетот на водите од Хидросистемот “Стрежево”.