Хидросистемот Стрежево е повеќенаменски водостопански систем чии функции се застапени во следните водостопански области:
- Користење на водите,
- Управување и стопанисување со водите,
- Заштита на водите,
- Заштита од штетното делување на водите.
Активности во областа на користењето на водите:
- снабдување со вода за наводнување на 20200 ha нето обработлива површина,
- снабдување со си рова вода на системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби,
- снабдување на индустријата со сирова вода (РЕК Битола, Фабрика за шеќер, Фабриката за квасец и шпиритус, Фабрика за преработка на овошје и зеленчук, Индустрија за млеко - Битола и др.),
- рибарство во уредени рибници,
- користење на водните сили - производство на хидроенергија во постоечките четири мали хидроцентрали.
Активности во областа на управување и стопанисување со водите:
- планирање на долгорочен развој на водостопанството на ниво на сливно подрачје,
- одење на долгорочна водостопанска политика,
- правување со дистрибуцијата на водата во хидротехничката инфраструктура на Системот,
- правување со потрошувачката (мерки за планско штедење на водата),
- правна заштита на водите и просторот.
Активности во областа на заштитата на водите:
- подобрување на режимот на малите води низводно од акумулацијата,
- зачувување на екосистемите во акумулацијата и нејзината околина.
- Во функција на заштита на квалитетот на водите е сопствената хемиско-бактериолошка лабораторија, чија задача е на повеќе контролни места да го следи квалитетот на водите кои влегуваат и излегуваат од акумулацијата Стрежево.
Активности во областа на заштитата од штетното делување на водите:
- антиерозивна заштита и уредување на пороите во сливот,
- регулација на водотеците и уредување на бреговите,
- превентивна заштита и одбрана од поплави.
Со изградбата на браната Стрежево се зголеми степенот на заштита на подрачјето низводно од преградното место од големи поплавни води.