Денес, 04.12.2015 година, заврши реконструкцијата на цевководот кај село Егри во должина од 650 метри.
Се изврши замена на нефункционалните цевки, поради кои на тој реон имаше проблеми во нормалното водоснабдување. Следната фаза на замена на уште 120 метри ќе се изведи наредната година и со тоа во целост ќе се добие функционален цевковод за непречено снабдување со вода на околните корисници. Вкупната површина која се наводнува од овој цевковод изнесува над 2.500 ha, а самата инвестицијата има вредност од 12.000.000 денари.