Со привршувањето на сезоната за наводнување, ЈП “Стрежево” пристапи кон активности за одржување на целиот систем
меѓу кои и отстранување на недостатоците на хидроенергетските централи во периодот Август/Септември 2016 кога турбините не се вклучуваат во погон. Извршена е комплетна реконструкција на постоечкото конструктивно решение заради отстранување на досегашните недостатоци, како и генерален ремонт на автоматскиот чистач на лисја, кој е поставен на зафатната градба на ХЕЦ “Филтерница”. Со тоа денес и официјално беше стартувана ХЕЦ “Филтерница” која е со номинална снага од 380 kW.