Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, концесионерот ЈП "Стрежево" - Битола постави урбана опрема - Летниковец.
Објектот е од јавен интерес, уреден и опремен за спортско-рекреативна намена и е изграден од природни материјали.
Летниковецот е поставен на рамен терен, има обезбеден пристап на возила, а нуди можност да го користат и лица со посебни потреби.