Битолскиот муфтија, Амит Расими денес имаше работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола. Во рамките на посетата, оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната соработката и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработката меѓу Исламската верска заедница од Битола и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.
На состанокот беа реафирмирани заедничките заложби за успешно одржувањето и користењето на урбаниот простор во центарот на градот, пред управната зграда на претпријатието и Исак Челеби џамија, најголемата активна џамија во Битола, која неодамна беше конзервирана и реставрирана со поддршка на Турската интернационална агенција за соработка и развој ТИКА.
Средбата помина во исклучително позитивна и конструктивна атмосфера.