Вработените во јавното претпријатие Стрежево - Битола, членовите на управниот и надзорниот одбор масовно се приклучија на акцијата организирана од страна на Владата кон граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.
Денес се спроведе организирана акција за чистење во близина на браната Стрежево со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат.
Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што како општествено одговорна институција апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена. Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина.