Согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19, Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот.
Координативниот тим, формиран од страна на директорот на претпријатието ги реализира следните активности:
- Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието (ќе се повторува и во иднина, по потреба).
- Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
- Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
- Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици.
- Средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории.
- На огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.
- Ослободени се од работни обврски вработени заради обезбедување грижа за своите деца до 10 години.
- Ослободени се хронично болните од сите работни активности.
- Направена е дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за нормално функционирање на претпријатието во вакви услови.
ЈП "Стрежево" - Битола ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт или информација од претпријатието тоа да го сторат на контакт телефонот 047/207-800 од 07:30 до 15:30 часот.
Апелираме до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.
.