Со сопствени средства, инвестиција од 6,5 милиони денари, Стрежево успешната година ја заокружи со набавка на 5 (пет) нови возила:три теренски возила, едно товарно моторно возило со носивост до 3.5 тона, едно товарно моторно возило со ладилник за транспорт на свежа риба и инвестиција во механичарската работилница.
Директорот Граматковски посочи дека модернизацијата на возниот парк на Стрежево има важна, нераскинлива нишка со корисниците на нашите услуги и игра есенцијална улога за подобра мобилност на вработените, но и директна комуникација со корисниците на нашите услуги.
„Подобрената мобилизација со новите возила се очекува да го намали времетраењето на извршувањето на теренските активности, да одговори на барањата на водокорисниците и да ја зголеми директната комуникација со клиентите", изјави директорот Методија Граматковски.
Ваквиот потфат придонесува во подобрувањето на нашите услуги и ќе ја подобри перцепцијата во создавањето на едно развиено и конкурентно земјоделство, водостопанство ,рибарство и аквакултура.
Крајниот ефект ќе има придонес за ефикасна реализација на управувањето, заштитата и зачувување на водите и рибниот фонд со кои стопанисуваме.
Стрежево и во 2021 година ќе работи посветено за постојано подобрување на квалитетот на своите услуги во интерес на граѓаните.