Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување на Aкумулацијата „Стрежево”

Денес министерот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола, Методија Граматковски , учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот,

Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).

 

Порибувањето се реализираше со сопствени финансиски средства со подмладок од крап со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама.

 

Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика-Неготино.

 

 

“Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност“, изјави директорот Граматковски.

 

Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата, рече Граматковски.

 

Им се заблагодаруваме на министерот Николовски кој одвои време да присуствува на овој чин, како и на сите граѓани кои присуствуваа на денешниот настан, надлежните субјекти кои успешно се координираа и се грижеа за регуларноста на порибувањето, како и на присутните претставници на медиумите и граѓанските здруженија, додаде директорот на Стрежево Методија Граматковски.

 

Продолжуваме со збогатување и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци преку порибување на акумулацијата Стрежево со циприниди и благородни видови на риби.

 

Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

 

Стрежево го продолжува успешно трасираниот пат со фокус кон квалитетот и унапредувањето на состојбите со водата како медиум на животната средина и подобрување на квалитетот на услугите во сите сегменти на работењето на претпријатието.