Со заложба за спроведување на меѓусебна соработка и придонес кон локален економски развој, при тоа почитувајќи ги националните законски прописи взаемно се утврди и усогласи Меморандум за соработка помеѓу ЈП "Стрежево" – Битола и општините Могила и Новаци.
Предмет на овој Меморандум претставува соработка за водоснабдување на дел од општините од страна на ЈП "Стрежево".
Со овој Меморандум страните се обврзуваат да соработуваат за успешно реализирање на водоснабдувањето (проширување на системот на ЈП "Стрежево"), со цел да се даде придонес за одржлив развој на општините преку размена на информации при планирањето, проектирањето и изведбата на проектите.
ЈП "Стрежево" во рамките на своите надлежности за реализирање на овој Меморандум се обврзува да изработи :
-комплетна техничка документација на ниво на Основен проект
-ревизија на техничката документација.
Општините Могила и Новаци во рамките на своите надлежности се обврзуваат да изработат:
-Проект за инфраструктура
-целокупна пропратна документација (елаборати, мислења, изводи, согласности, подлоги и сл.)
-градежна дозвола
-експропријација
Активностите кои се предмет на Меморандумот започнуваат веднаш.