Согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници во тек е изработка на Правилник за организација на работењето и Правилник за систематизација на работните места во ЈП "Стрежево" – Битола.
Целта на изработката на правилниците е подобрување на работењето во претпријатието и постигнување подобри професионални резултати, што пак понатаму ќе доведе до редовна, како и досега, исплата на личниот доход.
Примената на овие правилници се очекува во текот на 2015 година. Исто така треба да се напомене дека после повеќе од 13 години ЈП"Стрежево" – Битола го зголеми личниот доход за 4%.
Во однос на платите треба да се напомене дека после повеќе од 15 години, со октомвриската плата во 2014 година беше исплатено покачување од 4% согласно Одлуката на Владата на Р.М.