Отворениот базен на ЈП „Стрежево“ Битола, кој се наоѓа во месноста „Довлеџик“, со површина од 7.756 м 2 претставува дел од хидросистемот Стрежево кој е во улога на помошен резервоар за вода, односно компезационен базен каде се задржува вишокот на технолошката вода и по потреба се користи за нормална работа на системот за наводнување.
Но, со оглед на содржините и карактеристиките кои ги поседува, како и добрата местоположба, во летниот период може да се користи и како рекреативна зона која во летните жештини на граѓаните им овозможува пријатно место за рекреација, дружење, капење...
До пред десетина години, овој комплекс беше центар за спортско-рекреативни содржини, посетуван од битолчани, поготово летниот период. Со цел зголемување на понудата со вакви содржини во градот, ЈП „Стрежево“ во 2014 година повторно го стави во функција овој комплекс. Оваа година во насока на зголемување на атрактивноста на комплексот со нови содржини, ЈП „Стрежево“ го даде на користење на определено време.
Очекуваме овој комплекс повторно да го врати стариот сјај.