Со оглед на подолгиот период на почетокот на годината кој изобилуваше со големи количини на врнежи, настанаа големи промени на почвата и земјиштето околу каналите и цевководната мрежа со кои се врши водоснабдување.
Тоа доведе до ерозија на земјиштето, до појава на нови свлечишта и активирање на веќе постоечките. Со цел да се избегне опасноста од натамошни оштетувања на системот за водоснабдување на индустријата и земјоделието се превземаат мерки на заштита и санација (и покрај доволните количини на вода во акумулацијата) се оди со намален капацитет на вода кој транзитира низ каналите, а сепак според најавените потреби од корисниците. Целокупната состојба налага дисциплина во користењето на водата од сите инволвирани субјекти. Апелираме за рационално користење на водата и домаќинско однесување со хидроопремата, се со цел навремено дистрибуирање на вода до корисниците.
Воедно, сакаме да информираме дека Градежен факултет-Скопје изработи Основни проекти за санација на свлечиштето Г-0 и свлечиштето на Главен доводен канал на км 12+700, на кои санационите работи веќе се во тек.
За другите шест свлечишта, за кои геолошко-истражните работи се направени од Градежен факултет-Скопје, објавен е оглас за изработка на основни проекти за санација.
По завршувањето на секој основен проект за дадено свлечиште, веднаш се пристапува кон негова реализација.