За нормализирање на протокот на вода за корисниците, кој беше отежнат поради проширување на свлечиштето на објектот „Г-0“, дежурни екипи на РЕК-Битола, Стрежево и многу други подизведувачи за викендов работеа на алтернативен канал, со цел да се заобиколи постоечкото свлечиште.
Работите се изведуваа по зацртаната динамика, а се работеше деноноќно.