Заклучно со 28.09.2015 година заврши сезоната на наводнување на ЈП “Стрежево”.
На површините од околу 6800 хектари кои се наводнуваа, застапени беа традиционални култури карактеристични за овој регион, како пченица, пченка, шеќерна репа, зеленчук, фуражни, индустриски и други култури. После сумирањето на податоците, наскоро ќе биде објавен и целокупниот биланс во делот на водостопанската дејност на ЈП “Стрежево”.