Практично со почетокот на рехабилитацијата на главниот цевковод 6Ц започнуваме со акцијата за промена на дел од цевководната мрежа во должина од 7 километри.
На главниот цевковод 6Ц кој е наменет за водоснабдување на земјоделски култури кои се протегаат од населбата “Буковски ливади” па се до река Црна, се јавуваат проблеми во функционирањето уште од времето кога е изведен. Дефектите се јавуваат после линискиот затворач DN600, при што доаѓа до истекување на големи количини на вода кои не дозволуваат пристап на тој дел од теренот.
Било кој дефект после линискиот затворач значи прекин во водоснабдувањето на ЗК Пелагонија и значителен дел од индивидуалните земјоделски површини.
Рехабилитацијата на делница од овој цевковод се изведува со замена на тесал цевките со цевки од нодуларен лив (дуктил цевки).
Оваа акција по големина е прва после изградбата на системот за наводнување.