Дистрибутивната мрежа на ЈП “Стрежево” ја сочинуваат цевководи во должина од повеќе од 550 km, распространети низ Пелагонија, на површина од 20.000 хектари.
За жал, повеќе од 30 години не е инвестирано во промена на тие цевководи и затоа дел од нив се подложни на чести дефекти, а некои се и вон функција. Со цел да се подобри ситуацијата, ЈП “Стрежево” одлучи да набави две машини за лепење на полиетиленски цевки, како и цевки за замена, во должина од околу 4 km во првата фаза, со што отпочнуваме со промена на цевководите кои се најоштетени. Исто така, деновиве се изврши презентација и обука на тимовите кои ќе работат со новата опрема.
Активностите ќе се одвиваат перманентно во текот на целата година, со што значително ќе се подобри сегашната ситуација со водоводната мрежа.