Ј.П. "Стрежево" - Битола со факти и аргументи за немилиот настан кој се случи во базенот на 12.06.2019 година
ЈП “Стрежево” – Битола уште еднаш изразува жалење заради згаснувањето на еден млад живот и упатува длабоко сочуство до семејството на младото девојче.
Исто така, во моментите на оваа голема тага чувствуваме потреба да го демантираме соопштението на закупецот на деловниот просторот, во чии комплекс е и компензациониот базен, каде се случи немилиот настан, истовремено фрапирани од интриганските и манипулативните изјави на Компанијата Мегагруп кој се сосема несоодветни за овие моменти.