Стрежево работно го прославува денот на трудот
Вработените од Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола во интерес на земјоделците, предсезоната за наводнување ја одбележуваат со работни активности на деталната цевководна мрежа.
Вработените од Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола во интерес на земјоделците, предсезоната за наводнување ја одбележуваат со работни активности на деталната цевководна мрежа.
Битолските земјоделци ова лето нема да имаат проблем со наводнувањето на земјоделските површини.
Состојбата на акумулацијата Стрежево е поволна и има доволна количина на вода за правилно, доволно и навремено залевање на земјоделските култури.
Согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19, Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот.
И покрај сушата и продолжената сезона за наводнување во изминатата година, како и неповолните временски услови на почетокот од оваа година акумулацијата „Стрежево“ во моментов располага со околу 50 милиони метри кубни вода, од вкупниот капацитет од 120 милиони метри кубни вода, потврдува првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола, Методија Граматковски.
Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола беа генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски и генералниот директор на рударско-енергетскиот комбинат, РЕК "Битола", Златко Ќурчиевски.
Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу АД ЕСМ и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.
Страница 13 од 43