Денес во работна посета на ЈП “Стрежево” беше директорот на Управата за Водостопанство на РМ, господин Кадир Салих.
Се разговараше за тековните, но и за идните проекти. Акцент се стави на проектот за проширување на системот за наводнување во општина Могила, за што се разгледуваа повеќе проектни варијанти, заедно со градоначалникот на општина Могила. Проектите треба да се завршат во текот на 2016-та година и да се одпочни со нивна реализација.