Долго очекуваниот проект за жителите на општина Новаци почна да се реализира.
ЈП “Стрежево” започна со реализација на Проектот, кој во првата фаза опфаќа околу 150 ha за наводнување. Доколку помогнат временските услови, до крајот на месец Ноември се очекува да се завршат започнатите работи. Целокупниот проект во првата фаза опфаќа 650 ha, а со вода за наводнување ќе се снабдува од Суводолското езеро.
Паралелно се изготвува техничката документација за проширување на системот за наводнување на уште 1200 ha во општина Новаци.