Со цел намалување на загадувањето на животната средина, како и контрола и заштеда на енергијата, ЈП“Стрежево” презема низа активности.
Извршено е редовно чистење, преглед, контрола и испитување на системот за греење, заради намалување на штетните емисии во воздухот од согорувањето. За таа цел, а во насока на препораките од Министерството за животна средина, беше ангажирана компанија која професионално се занимава во таа област.
ЈП “Стрежево” спроведе и енергетска контрола на Управната зграда и при тоа е добиен Сертификат за енергетски карактеристики (енергетски пасош). Во анализата е земена во предвид потрошувачката на сите видови на енергија. Во извештајот се дадени насоки за подобрување на енергетските карактеристики на објектот, со цел намалување на потрошувачката на енергија. Во наредниот период, врз основа на насоките дадени во Извештајот за спроведената енергетска контрола, ќе се пристапи кон изработка на техничка документација и реализација со цел добивање повисока енергетска класа на објектот.
На контролната зграда на браната Стрежево е извршена замена на дограмата со цел заштеда на енергија за греење на објектот. При тоа старата дрвена дограма е заменета со повеќекоморна PVC дограма. Со тоа ќе се подобрат условите за работа и истовремена заштеда на енергија.
Исто така вработените на ЈП”Стрежево” учествуваат редовно во сите акции за пошумување.
Во иднина средствата кои се наменети за зачувување на животната средина перманентно ќе се зголемуваат.