На ден 24.05.2016 година во 01 часот на акумулацијата Стрежево, на локацијата залив Стрежево, од страна на вработени во рибочуварската служба се уловени и запленети мрежи со вкупна должина од над 100 m.
ЈП Стрежево поднесе пријава до државниот инспекторат за земјоделство против непознат сторител за вршење на кривично дело и согласно Законот за рибарство и аквакултура - ловење на риби со разни видови на мрежи кои се забранети за вршење на риболов.
ЈП „Стрежево” – Битола како концесионер на риболовната вода „акумулација Стрежево” врши засилена физичката заштита на рибниот фонд преку сопствена рибочуварска служба во соработка со полицијата и инспекциските органи при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Апелираме до сите совесни граѓани да ја пријаваат до нас секоја детектирана негативна импликација врз рибниот фондодносно врз самата акумулацијата .