Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Завршни сервисни и ремонтни активности на електро-енергетските објекти

Во текот на месец мај беа извршени сервисни и ремонтни активности на првата турбина од ХЕЦ Стрежево. Со овие завршни сервисни и ремонтни активности се ставија во функција сите електро-енергетски објекти на ЈП “Стрежево”.
Сервисот ги опфати следните активности:
-     Обработка на генераторска осовина со помагала кои беа целосно изработени во работилницата на ЈП ”Стрежево” со металорезачки машини.
-     Поставување на ново турбинско лежиште и негово прилагодување односно влежиштување во неговото куќиште.
-     Комплетно центрирање на целата линија на турбината.
-     Редовни сервисни активности на целиот агрегат: промена на масло во лежиштата, проверка и подесување на зазорите, проверка на центричност, како и мерење на вибрации и температури на лежиштата после неговото пуштање во работа.
-     Комплетно чистење на системите за подмачкување и ладење.
Сите сервисни активности беа целосно извршени од страна на вработените на ЈП Стрежево, односно стручниот тим одговорен за одржување на хидромеханичката опрема и хидроцентрали, и работилницата со металорезачки машини. 
DSC 0873 image 0.02.01.1cfa6e2abd9286bedd4ce97a030576f5c11ee97b69cb75493d3c0ab265ffdc8a V image 0.02.01.55d7f10a2dd6af94c7eaa95be36ebc65fbfb7059e3f0ea89ab583e7afbdaf2f9 V
image 0.02.01.6743f48ecce7ee508d4eba6efe13a01360d0c5641d945ecc76c165970f4b0da3 V image 0.02.01.cf2f4ae07a1845cd71bf3ba2648a9327060455e4f7ac2add531f7f1d280678cc V image 0.02.01.d68bfa7a8d082a39ec500d7ed9857e7fff208733d8b2b75494829a4d9f086cff V
image 0.02.01.e0025e19a9a764166c004ecbbb90d815bdcda15e95812c960c16f46cda88d9ef V ostrec pat graesnica kisava hec brana 09.05.06 065