Со Одлука на Управниот Одбор на ЈП Стрежево, од 15.06.2016 година официјално започнува сезоната за наводнување во Пелагонија.
По барање на земјоделците, а за потребата за расадување и поникнување на културите, и претходно повремено се вршеше наводнување од системот.
Во акумулацијата има доволно количини на вода ( 103.8 милиони м3) за да се задоволат сите корисници.
Оваа година се очекува наводнување на култури на повеќе од 7.000 ха.