Се известуваат сите индидвидуални водокорисници дека од понеделник 08.05.2017 година, ЈП " Стрежево" – Битола започнува со склучување на договори за наводнување од Хидросистемот.
Потребни документи за пријавување:
- Лична карта за идентификација
- Имотен лист за ажурирање на податоците (доколку има промена)
За наводнување без договор и неконтролирано пуштање на вода од хидрантите, ЈП "Стрежево" – Битола ќе превземе мерки согласно позитивните законски акти и сторителите ќе бидат најстрого санкционирани.