Се интензивира наводнувањето во Пелагонија и во моментов се наводнува со околу 3,5 м3/сек вода. Наводнувањето се одвива без сериозни проблеми и се надеваме дека така ќе биди и понатаму.
Апелираме за совесно и домаќинско користење на водата и опремата, заради непречено наводнување.
Истовремено ги замолуваме оние водокорисници кои не склучиле Договори, да го направат тоа најкасно до 27Јуни (понеделник), бидејќи ќе има строга контрола и незаконското користење на водата од системот ќе се санкционира.