На 26-ти овој месец околу 19 часот , во м. в. залив Стрежево, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени се три рибарски мрежи со вкупна должина од 60 метри со димензии на окца
45 x 45 милиметри кои не биле соодветно обележани и немале соодветен жиг од Државен инспекторат за земјоделство.
Притоа, констатиран е прекршок согласно Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица по што мрежите се подигнати за понатамошна постапка. Мрежите, по консултација со надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.
ЈП Стрежево ги известува граѓаните дека во следниот период ќе продолжат да се вршат засилени контроли на акумулацијата Стрежево, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби, Македонската риболовна федерација и полицијата.