Во петок, на 23 февруари амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е. Господинот Кристиан Тимоние, придружуван од почесниот конзулл на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, го посети ЈП Стрежево во Битола. На средбата амбасадорот разговараше со директорот г. Методија Граматковски за можностите за модернизација на хидросистемот за наводнување и водоснабдување.