Под мотото “Водата е живот” Ј.П. “Стрежево” - Битола со повеќе активности ја одбележа 40 годишнината од основањето. Одбележувањето на јубилејот започнаа во Ј.П. “Стрежево”, во присуство на голем број на гости, блиски соработници на ова јавно претпријатие како и поранешни и сегашни вработени во претпријатието.
Директорот на ЈП “Стрежево” Методија Граматковски рече дека ова е јубилеј достоен за почит и дека се преземаат мерки за понатамошен развој на Ј.П. “Стрежево”, исто така додаде дека со домаќинско и рационално трошење на вода оваа година успешно се заврши сезоната. Во јуни имавме 105 милиони кубни метри вода, а сега 75 милиони кубни метри вода. Сите водокорисници на време беа услужени и за идната година се подготвуваме, па корисниците не треба да имаат грижа, ќе има вода за сите водокорисници. Во овој момент вода се испорачува за РЕК Битола, ЈП Водовод и индустријата.
Во рамки на јубилејот беше пуштен во употреба реновираниот и современо опремен Центар за динамичка регулација и видео надзор на објектите на Ј.П. “Стрежево”.
Со свечена академија беше заокружено одбележувањето на јубилејот 40 години од формирањето на ЈП “Стрежево”. Историјата на Стрежево преку фотографии и текст поставена на изложба во фоајето на Народниот театар каде гостите пред свечена академија имаа можност да ја прочитаат и да ја видат. Изложбата ја виде и министерот за земјоделие Љупчо Николовски придружуван од пратеникот од Битола Александар Кирацовки и директорот на Ј.П. “Стрежево” Методија Граматковски.