Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ЈП "СТРЕЖЕВО" - БИТОЛА ЗАПОЧНУВА СО ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ЗА 2019 ГОДИНА

Ги известуваме сите заинтересирани граѓани дека ЈП "Стрежево" – Битола од 01.03.2019 година (петок) ќе започне со издавање на сите видови на дозволи за рекреативен риболов на акумулацијата Стрежево за 2019 година.

 

Заинтересираните граѓани оваа година ќе имаат привилегија да вршат рекреативен риболов на една од најатрактивните рекреативни зони во нашата земја по убедливо најповолни цени од сите рекреативни зони.

ЈП "Стрежево" - Битола, како општествено одговорно претпријатие и покрај тоа што има најнизок надоместок за издавање на дозволи од сите рекреативни зони донесе и Одлука за намалувањето на висината на надоместокот за издадена годишна дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево” за 2019 година за поедини групи граѓани што всушност е во корелација со тенденцијата на претпријатието да се овозможи помасовно користење на оваа риболовна вода за конкретната намена.

Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона ‘Акумулација Стрежево’ за 2019 година во зависност од времетраењето на важноста на истата е утврдена со решение за давање на согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (број 33-1572/2 од 30.01.2019 година) на следниот износ:

годишна дозвола   1.000,00 денари,
петнаесетдневна      500,00 денари,
седумдневна            300,00 денари,
еднодневна              150,00 денари.

Висината на надоместокот за издавање на годишна дозвола за вршење на рекреативен риболов се намалува на:

700,00 денари за пензионери;
600,00 денари за лица прогласени за технолошки вишок;
500,00 денари за инвалиди;
500,00 денари за студенти;
400,00 денари за ученици.

Напоменуваме дека правото на користење на дозволите не може да се пренесува на друго лице.

Дозволите ќе се издаваат единствено во регистрираниот пункт за издавање дозволи -наплатниот центар, лоциран во управната зграда на претпријатието на Булевар 1 Мај број 77 во Битола, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.