Се известуваат сите водокорисници дека согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП “Стрежево”- Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година:
- Договорите за користење на вода со корисници на вода за наводнување да се склучат од 20.05.2019 до 15.06.2019 година.
- Корисници на вода за наводнување кои нема да го испочитуваат рокот наведен во чл.1 ќе го плаќаат годишниот надоместок за искористена вода зголемен за 1.000,00 денари-казна.
- Сите корисници на вода за наводнување од ХС “Стрежево” кои нема да ги пријават површините и земјоделските култури и нема да склучат договор за наводнување, а самоволно ќе пуштат вода за наводнување, за така наводнатите површини, односно култури, ќе плаќаат за 100% зголемена цена од постоечката.