Зголемена платата на вработените во Јавното претпријатие "Стрежево"
Владата на сто четириесет и втората седница одржана на 4 јули 2019 година ја донесе одлуката за давање согласност за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на плата на вработените во Јавното претпријатие Стрежево.
Домаќинското работење на вработените, намалувањето на непродуктивните трошоци, зголемувањето на приходите донесе до зголемување на платите на вработените во претпријатието.
Ова зголемување на платите за 242 вработени ќе преставува поттик за уште поголема професионалност и рационалност во извршувањето на работните задачи во наредниот период.
Задоволни вработени - задоволни водокорисници