Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, како општествено одговорна институција се откажа од традиционалното новогодишно украсување на управната зграда со единствена цел - тие средства од сопствени ресурси да ги намени во подобрување на образовните капацитети преку донација на нагледни средства и уредување на просториите во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.
ЈП „Стрежево” - Битола им приредува мало изненадување со новогодишни подароци на учениците со посебни потреби, со што на некој начин ќе им го збогатиме новогодишниот амбиент.
Директорот на претпријатието, Методија Граматковски изјави „Поттикнати од неизмерната радост со која нè дочекуваат, на ова гледаме како на искрено пријателство што несомнено се развива. Како општествено одговорна компанија наша цел е помагање и развивање свесност за основните потреби на овие деца. Нашето вклучување е потврда дека секој колектив или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани, а пред сè на најранливите - децата“.