Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Информација во врска со моменталната состојба со количините вода во акумулацијата Стрежево

 

И покрај сушата и продолжената сезона за наводнување во изминатата година, како и неповолните временски услови на почетокот од оваа година акумулацијата „Стрежево“ во моментов располага со околу 50 милиони метри кубни вода, од вкупниот капацитет од 120 милиони метри кубни вода, потврдува првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола, Методија Граматковски.


Стрежево и покрај неповолната хидролошка состојба во изминатиот период веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола“ (12.000.000 м3) и ЈКП „Водовод“ (5.000.000м3) а остатокот на вода за останатите водокорисници (првенствено земјоделци).
Во акумулацијата заклучно со 7 март оваа година имаме обезбедено околу 48.500.000 м3 вода, со тенденција за секојдневно зголемување на количината на вода со оглед на престојниот период кога се очекуваат врнежи од дожд и интензивно топење на снег од сливното подрачје на хидросистемот Стрежево.
Во овој момент во акумулацијата дневно се собираат поголеми количини на вода преку алиментациониот канал и реката Шемница, a се испуштаат минимални 570 l/sek, исклучиво за потребите на РЕК "Битола" изјави директорот на претпријатието.
Производството на електрична енергија од деривационите хидроцентрали од поодамна е прекинато и секој литар вода се слева во акумулацијата.
Бидејќи е период на собирање на водата од водотеците, нема простор за шпекулации и непотврдени информации дека во следната сезона која е пред нас земјоделските површини евентуално би останале без вода за наводнување во подрачјето опфатено со Хидросистемот „Стрежево“.
Упатуваме апел и смирувачки пораки до граѓаните да не се грижат за водоснабдувањето во летниот период, бидејќи ЈП „Стрежево“ - Битола, плански и интензивно ги собира водите од нашето сливно подрачје, а така ќе се продолжи и во месеците март, април и мај, се додека не започне престојната сезона за наводнување. Значи да се „шпекулира“ колку ќе биде волуменот на акумулацијата од перспектива на месеците февруари-март, кога максималните коти на водостој, секогаш, речиси без исклучок, се регистрирани на крајот од месец мај или почетокот на јуни, во најмала рака е крајно неблагодарно и непрофесионално да се прогнозира, посочува Граматковски.
И покрај очигледно неповолната хидролошка состојба Граматковски вели дека фактичката ситуацијата со акумулацијата „Стрежево“ заклучно со први овој месец не отскокнува воопшто во споредба со изминатите години благодарение на рационалната и планската испорака на вода за водокорисниците во изминатата сезона. Само за споредба, во 2002 година во истиот период биле акумулирани 23.443.000 м3 вода, во 2008 година - 44.639 000 м3, 2009 година - 54.562.000 м3, во 2012 година 37.787.000 м3 вода, во 2014 година- 38.538.000 м3 вода.
Ги повикуваме заинтересирани изворно од стручните служби на претпријатието да се информираат за состојбите околу акумулацијата „Стрежево“, каде ќе добијат релевантни податоци и параметри, објективно и транспарентно.

ИЗВОР: Апла.мк

 

25