Претпријатието во извонредно сложени услови, оваа година максимално одговорно управуваше со хидротехничките објекти и успеавме да обезбедиме оптимални услуги на корисниците на вода за наводнување на земјоделските површини.
„Оваа сезона се искористени за наводнување 27,3 милиони метри кубни вода, а сезоната траеше две седмици подолго од минатата 2019 година (поради сушниот период во месец септември и почетокот на октомври), кога за истата намена потрошивме 32,3 милиони метри кубни вода. Се регистрирани над 7700 корисници, а притоа, во 2020 година рекордно се евидентирани и наводнувани повеќе од 5500 хектари земјоделски површини” - рече директорот Граматковски.
Согласно се' погоре наведено, годинава можеме да ја окарактеризираме како најуспешна за претпријатието во овој исклучително значаен сегмент.
- Пред сезоната за наводнување вложивме нова и современа хидромеханичка опрема и воспоставивме одржлив и ефикасен систем каде лоцирањето и навременото санирање на дефектите беше врвен приоритет, потенцира Граматковски.
Граматковски рече дека во 2020 година има помалку дефекти на главните цевководи или во споредба со претходната 2019 година бележиме процентуално намалување за 280 проценти. Како показател за значењето на санацијата на дефектите на главните цевководи напоменува дека со санирање на еден главен цевковод се ставаат во функција 30 делнични цевководи.
- Ја зголемивме ефикасноста во санирањето на лоцираните дефекти на деталната цевководна мрежа. Загубите на вода беа сведени на минимум, а штедењето на водата беше максимално. ЈП „Стрежево“-Битола ја подобри состојбата со одржување на инфраструктурата и објектите во рамки на хидросистемот, ја унапреди ефикасноста и одржливоста на постоечкиот модел на управување, а главниот акцент беше насочен кон подигнување на степенот на задоволување на потребите на водокорисниците, како приоритетен и неминовен процес во реализацијата на еден од клучните фактори во подобрување на севкупното земјоделско производство.
Согласно претходното, рече дека со задоволство можеме да резимираме дека тековната сезона храбро се соочивме со сите водостопански предизвици, а пред се, ги презедовме сите потребни мерки и активности од перспектива на користењето на водните ресурси, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржување на хидросистемот и придонесовме за квалитетно и квантитетно земјоделско производство.