Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме, ЈП "Стрежево" - Битола ја намали цената на пастрмката, одгледувана во сопствените рибници (црвена пастрмка по цена од 260 денари и бела по цена од 240 денари).
„Суштински дел на одговорот на Ковид 19 е осигурување на пристапот до домашни производи - безбедна, хранлива и здрава храна.
Со оваа интервенција на цените сметаме дека ќе дадеме придонес за намалување на отежнатиот пристап до храна како последица на ограничувањата што се наметнаа поради пандемијата" - изјави директорот Методија Граматковски.
Претпријатието и во иднина ќе продолжи да ја надградува методологијата за цените како рационална мерка, со најразлични интервенции, а со цел реално следење на целокупната состојба во интерес на граѓаните.
Рибарницата работи секој работен ден од 08-17 часот, во сабота од 08-14 часот. Печиме риба.
Купувајте македонски производи.