Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола продолжува со донации пред новогодишните празници.
Како што претходно најавивме, Стрежево оваа година ги пренамени финансиските средства предвидени за рекламен материјал во донации каде што е најнеопходно.
Денес дониравме медицинска заштитна опрема и флаширана вода за вработените во Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ - Битола.
„Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижат за пациентите со Ковид 19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција и флаширана вода, согласно потребите на болницата. Се надеваме дека дополнително ќе придонесеме, во побезбедно и поефективно делување на медицинскиот персонал во Клиничка болница“, рече директорот Граматковски.
Здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност.
Нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец и колектив треба да даде придонес и поддршка на медицинскиот персонал во борбата со невидливиот непријател.
И за крај, сакаме да напоменеме, Стрежево спроведува засилен санитарен протокол низ сите свои оддели за да ги заштити вработените, и да создаде услови за успешно функционирање во услови на новата нормалност.