Директорот на ЈП Стрежево - Методија Граматковски оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за Енергетика, Дарио Николовски.
На состанокот одржан во просториите на Дирекцијата на јавното претпријатие Стрежево, Директорот Граматковски го запозна г-дин Николовски со работата на ЈП Стрежево како и со проектите кои се во тек и се планираат.
Покрај тоа, се разговараше и за иницијативата за иградба на фотоволтаична централа во селото Црнеец, Битолско.