Јавното претпријатие Стрежево ги известува потрошувачите на нашата рибарница дека располагаме со повеќе од доволно свежа риба за престојните празници.
Нашата рибарница е препознатливо обележје на битолската чаршија и претставува вистински синоним за квалитет и повеќедецениска традиција.
Нудиме свежа слатководна риба - брендирана стрежевска пастрмка од рибникот со кој стопанисуваме, а вршиме и печење риба на скара.
Наша цел е да произведеме производ кој со радост би го донеле дома и би го ставиле на вашата трпеза!
Квалитетот - секогаш на прво место.