Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија при денешната моја посета на ЈП „Стрежево“ во Битола.
Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон користење и на сонцето како извор на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.
Можеби ова е мал во обем капацитет на инсталирана моќност, но значен по амбицијата, по желба да се покаже дека едно јавно претпријатие може успешно да се раководи на сосема поинаков начин од оној на кој сме навикнати низ годините.
Што е уште поважно, оваа капитална инвестиција се реализира без се да се ускрати можноста за редовни и повисоки плати на вработените, кои во септември 2023 година се зголемени за дополнителни 10 %.
Централата која денес ја видов е само едно парче од енергетскиот мозаик од обновливи извори на Северна Македонија, во кој само во последните 26 месеци се изградени и пуштени во употреба енергетски капацитети со моќност од 616,42 MW, што е доволно за снабдување со електрична енергија на 194.500 домаќинства.
(Интегрално преземање на текстот од официјалната страна на вицепремиерот Фатмир Битиќи)