Во рамките на тековните активности на претпријатието набавени се цевки од дуктилно железо Ø 600 mm, во должина од 2.904 m' од кои 648 m' за проширување на системот за наводнување во регионот на Општина Новаци и 2.256 m' за потребите на ЈП "Стрежево" .
Согласно проектот за изградба на систем за наводнување во Општина Новаци на 2.000 ha кој е предвиден да се гради во четири фази по 500 ha, набавената должина е за изведба на главниот цевковод предвиден со првата фаза додека останата должина е предвидена за замена на главниот цевковод 6Ц од системот Стрежево со поголем профил како припрема за изведба на втора фаза од проектот за Општина Новаци.