Поради обилните врнежи што го зафатија Пелагонискиот регион, дојде до појава на свлечиште со поголеми димензии во зоната на цевководот и зафатната регулациона градба Г0 на Главниот доводен канал.
Се работи за свлечиште кое треба итно да се санира, бидејќи со идните дождови кои се очекуваат во пролетниот период би се предизвикала дополнителна нестабилност на теренот, со што би се влошила состојбата на стабилноста на самиот терен и објектите.
Регулационата градба Г0 служи за снабдување со вода на РЕК “Битола”, за наводнување на посевите на ЗК “Пелагонија” и индивидуалните земјоделци, како и населението и индустријата на град Битола.
ЈП“Стрежево” изврши “бајпасирање” т.е поставени се цевки со дијаметар ø800 mm во самата градба, преку кои времено преку стариот цевковод со сирова вода ќе се снабдува РЕК “Битола” и дел од индустријата на градот Битола. Ова претставува времено решение, а во меѓувреме се изготвува техничка документација за санација од страна на Градежен факултет - Скопје.
Со оглед на тоа дека зафатната регулациона градба Г0 е во сопственост на АД ЕЛЕМ, понатамошните активности за санирање на истата ги превзема АД ЕЛЕМ.
Презентираните слики претставуваат тековно одржување преку санација на стари и ново појавени прснатини во главниот доводен канал од km 2+000 до km 13+000, и времена санација на појавени прснатини на зафатната градба Г0 од активирањето на актуелното свлечиште.